Марјана Станојковска во премиерното издание на „Бекстејџ” видно потресена и со солзи во очите зборуваше за Влатко Илиевски со кого беше исклучително блиска.
-Многу ми е тешко, кога прочитав за неговата смрт не можев да си поверувам, рече Марјана во емисијата и се потсети на најубавите моменти поминати со Влатче, притоа додавајќи дека се слушнала со него само неколку дена пред да почине.
Инаку, Марјана и Влатко Илиевски беа првиот водителски пар на најгледаниот естраден магазин на домашен терен, а првиот дел од емисијата беше посветен на ликот и делото на Илиевски каде покрај Станојковска, зборуваше и неговата прва љубов – актерката Ана Стојановска, а беа прикажани и снимки од домот на Влатче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.