| четврток, 6 декември 2018 |

„Маша и медо“ работат за Путин?

Цртаниот филм за девојчето Маша и мечката кој го гледаат милиони деца во Велика Британија е обвинет дека е алатка за „мека пропаганда“ на Русија.

„Маша и мечката“ на англиски јазик има повеќе од 4,18 милиони претплатници на „Јутјуб“, а на различни јазици анимираната серија има преку 40 милијарди прегледи на 13 канали.

Децата уживаат во авантурите на девојчето и нејзиниот нежен заштитник. Сепак, критичарите во соседните држави на Русија тврдат дека серијата е дел од пропагандата на Москва, пишува „Тајмс“.

Минатата година, најтиражниот весник во Финска пренесе мислење на професор на Универзитетот за комуникации во Талин, кој тврдел дека дека мечката ја симболизира Русија и дека е така дизајнирана да остави позитивна слика за Русија во детските умови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top