| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 200 aлбански и косовски илегалци во Франција

Француската полиција, деновиве, уапси околу 200 Албанци без документи, во обид на илегален начин од Франција да заминат за Велика Британија. Заедно со нив уапсени се и 12 други лица под обвинение „недозволена трговија со луѓе“.

Уапсените шверцери организирале транспорт со брод за цена од седум до 10.000 евра по човек. Едно албанско семејство со четири деца платило 15.000 евра за да биде префрлено од Франција во Велика Британија. Илегалците се Албанци од Албанија и од Косово, а меѓу нив и голем број деца, соопшти француската полиција.

Со организираната група раководел Косовец, кој е уаспен во Саинт-Мало. Според француското Државно обвинителство групата им помагала на имигранти без докумети да одат во Велика Британија, од кои земале голема сума пари. Групата во период од година и пол најмалку четриинаесетпати префрлила илегалци Албанци од Франција во Велика Британија, заработувајќи голема сума на пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top