| четврток, 6 декември 2018 |

Каков малер за Фоњини на Вимблдон, во ист ден загуби два меча во пет сета

Фабио Фоњини е вистински малер на Вимблдон, откако денеска загуби два меча во пет сета. Маратоните во поединечна конкуренција и во игра на машки двојки не мус е погодија на италијанскиот тенисер, но и покрај двата порази со по 2-3 во сетови Фабио е вистински јунак.

Најпрво во сингл меч од третото коло Фоњини загуби од Кевин Андерсон во максимален број на сетови, а тој дуел траеше 2 часа и 48 минути. Италијанецот имаше малку време за освежување и одмор, а попладнево повторно излезе на комплексот во „Ол-Ингланд“ клубот и во машки двојки со Симоне Болели, се обиде да се надигрува со шпанското дуо Гранолјерс Пужол и Лопес.

Фоњини повторно одигра машки, борбено, но пак немаше среќа да се радува на победа. Шпанците славеа со 3-2, а вистински куриозитет е што овој меч траеше само една минута покусо од сингл дуелот на Фабио против Андерсон. Или вкупно италијанскиот тенисер денеска на терените на Вимблдон беше точно 355 минути, одоносно 5 часа и 35 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top