Познатиот балкански музичар Горан Бреговиќ ќе ја компонира музиката за филмот „Сулејман Величенствениот“ кој наскоро ќе започне да се снима во Турција, пренесуваат српските медиуми.
Поради големиот успех на турската серија „Величенствениот“, продуцентите одлучиле овој проект да го префрлат и филмското платно, а во реализацијата на оваа идеја ќе им помогне и легендарниот Брега.
– Бреговиќ веќе со години има концерти во Истанбул и доволно и е познат на турската јавност. Музиката која ја компонираше за филмовите „Arziona dream“ на Емир Кустурциа и „Underground“, или за француското остварување „Кралицата Марго“ и денес е препознатлива. Кога продуцентите сето ова го го зедоа предвид, Брега им изгледаше како најдобар избор – открива извор за српски „Информер“.
Екипата на серијата сака филмот да ги освои и фановите од поранешна Југославија, а тоа е уште една од причините зошто Бреговиќ е идеален избор да ја прави музката во филмот.
– Горан е познат низ цела Европа, и е одбра реклама за филмот. Тој им е особено важен на Турците, бидејќи земјите од поранешна Југославија се покажале како добар пазар и одлична публика за популарната турска серија – изјавил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бреговиќ без „задршки“ за дрогата, алкохолот, порно филмот…
-
Имате најдобар сосед кој утре пука во вас, бидејќи сте друга вера – Бреговиќ ја објасни бесмисленоста на војната!
-
Бреговиќ: Татко ми е католик, мајка ми Србинка, а жената муслиманка. На кого требаше да пукам?
-
Бебек за Бреговиќ: „Тој е балкански примитивец“