| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски државјани приведени во тетовско Боговиње

Двајца косовски државјани, А.М (38) и Ј.Б.(63), биле фатени и приведени од тетовската полиција како осомничени дека вчера околу 9 часот и 50 минути во близина на добиточниот пазар во Боговиње извршиле кражба над Ф.Е (58) од гостиварско Форино, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

apsenje-francija

– Жителот на Форино дошол на пазарот со намера да купи крава. Косовецот А.М.  се доближил до него, го искористил неговото невнимание и од џебот од кошулата  му одзел 495 евра во различни апоени. Откако го забележал тоа, Ф.Е. го фатил и почнал да се расправа со А.М., а тој му вратил 265 евра  и побарал да не вика полиција. Меѓутоа двајцата Косовци набрзо се приведени и задржани во СВР Тетово и ќе се соочат со соодветни поднесоци – изјави Јосифовски.

Портпаролот на СВР Тетово рече дека Косовец Ј.Б. се сомничи оти ја извршил кражбата на 9 овој месец кога во објект на „Македонски пошти“ во Тетово, на лице од Брвеница од џеб во панталоните му одзел 19.500 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top