| четврток, 6 декември 2018 |

По одбивањето на предлогот на ВМРО ДПМНЕ во СДСМ врие од незадоволство

Експресното одбивање на предлогот на ВМРО ДПМНЕ за надминување на политичката криза од страна на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски предизвикало големо незадоволство кај голем дел од членството, објави Алфа телевизија повикувајќи се на партиски извори.

Според информациите на телевизијата, членството му замерило на лидерот зошто го одбил предлогот без поширока дебата и консултација во партијата.

Голем дел од социјалдемократите сметале дека денешниот предлог на ВМРО ДПМНЕ е всушност прифаќање на предлогот на потпретседателот на СДСМ Зоран Заев за одложување на рокот за пријавување на кандидати за градоначалници и советнички листи за претстојните локални избори.

Заев во интервју за струмичката телевизија ВИС, понуди план од пет точки, со кој би се отворило простор за СДСМ и партнерите да учествуваат на локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top