Според најновите официјални неревидирани податоци за минатата година на скопската хотелиерска компанија „Македонијатурист“, таа правела чист профит од 9.534 евра просечно дневно. Податоците се објавени денеска на Македонската берза. Според овие параметри „Македонијатурист“ прави шест пати поголем ќар од својот најголем ривал во дејноста, а тоа охридскиот хотелски комплекс „Метропол“, чија чиста дневна заработка минатата година изнесуваше 1.500 евра.
„Македонијатурист“ од Скопје и „Метропол“ од Охрид се најголемите туристички синџири во земјава. Иако не се директни конкуренти зашто стопанисуваат во различни градови тие се компании ривали во борбата за престиж. „Македонијатурист“ во својот состав има седум хотели: „Холидеј Ин“, „Бристол“, „Бест вестерн Турист“, „Карпош“, „Јадран“, „Водно“, „Белви“. Наспроти „Метропол“ кој на охридската ривиера ги поседува едни од најпрестижните хотели: „Метропол“, „Турист“ и „Белви“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заработка до 20.000 евра по хектар: Сега е вистинско време да ги засадите овие плодови!
-
Овие професии носат голема заработка
-
Се продаваат подароците од свадбата на Меган и Хари: Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти
-
Пред 10 години останала без работа, а денес има приход од 4000 евра



