| четврток, 6 декември 2018 |

Нервно растроен маж рани 11 лица на аеродром во Боливија

Фармер, кој имал психички проблеми, со нож нападна и им нанесе повреди на 11 луѓе на меѓународниот аеродром во боливискиот главен град Ла Паз, соопштија локалните власти.

bolivija

Осуммина од ранетите се хоспитлизирани, но се надвор од животна опасност. Една жена била подложена на операција поради убодни рани во стомакот, на друга ѝ е повреден црниот дроб. Меѓу ранетите е и полицаецот кој го совладал напаѓачот.

Заменик-министерот за внатрешни работи во Боливија, Хорхе Перес, изјави дека напаѓачот е лице „со тешки ментални проблеми“. Инцидентот не траел повеќе од минута, по што напаѓачот е уапсен.

Сведоците на настанот кои дадоа изјави за боливиските медиуми изјавија дека лицето кое го извршило нападот било „ментално болно или под дејство на дрога“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top