| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвено, жолто, зелено“ – нова песна на „Пеперминт“ (ВИДЕО)

Новата песна на панк-рок составот „Пеперминт“ е најава за новиот албум кој веќе е во подготовка. Видеоспотот за „Црвено, жолто, зелено“, пак, е љубовна приказна за двајца кои по многу разминувања ќе си ја реанимираат детската љубов неколу години подоцна.

pepermint 2

Сниман на неколку локации низ Скопје, во него како статисти се појавуваат дечињата од ОУ,,Блаже Конески“ и двајца млади актери.

pepermint 3

Песната е прилично пеперминтовска, се вика ,,Црвено, жолто, зелено“, а видеото овој пат комплетно ги задоволи нашите високи критериуми за ,,одлично сработен спот“ – велат „пеперминтовци“.

pepermint

Продуцент на видеото е Александар Пауновски, камера оператор Гоги Полизов и Кристијан Теодоров , фар оператор Александар Ивановски, а како монтажер се потпиша Филип Пауновски, во продукција на ,,Storyteller“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top