| четврток, 6 декември 2018 |

Бал на различностите на 6-ти март во МОБ

rebeka21

На 6-ти март, во Македонска опера и балет, ќе се одржи првиот Бал на различностите со цел да се вклучат во секој сегмент на живеењето лицата со посебни потреби и да се помогне во издигнувањето на свеста кај луѓето.

Балот на различностите е во организација на МОБ и здружението „Дајте ни крилја“, а мотото е „Не гледај со очите, погледни со срцето“. На Балот ќе се појават познати имиња од музичката и актерска сцена, но ќе има и модна ревија во која ќе бидат вклучени лицата со посебни потреби, во креации на Елена Лука.

-Целта на овој настан е да ги вклучиме во секој сегмент лицата со посебни потреби и да помогнеме во подигнувањето и менувањето на свеста кај луѓето, а воедно на сцената јавно ќе имаме можност да им се заблагодариме на сите пријатели, помагатели на здружението во изминатиов период, вели Ребека Јанковска Ристески, претседател на „Дајте ни крилја“.

Водител на Балот на различностите ќе биде Сашко Коцев, а на сцената ќе се појават Тони Китановски, Весна Гиновска – Илкова, Наде Талеска и други уметници.

Собраните средства ќе бидат наменети за обука на кадри кои работат со лица со специјални потреби, семинари, донации, купување на опрема и терапевтски актвности.

Настанот почнува во 18.30 часот, а цената на влезницата е 400 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top