Припадниците на српската заедница во Косово се безбедни, изјави косовскиот премиер Хачим Тачи, додавајќи дека статистички гледано „побезбедно е да се шета низ Приштина, отколку низ Белград“.
За да се нормализира состојбата мораме да се заложиме за спроведување на договореното… Ќе работиме заедно за да воспоставиме доверба во нашата земја и покрај тоа што не треба да се заборави дека пред 15 години Косово беше соочено со геноцид, вели Тачи во интервју за белградскиот весник „Данас“.
Тачи нагласува дека доколку остане на прмиерската функција неговата влада ќе работи на унапредување на безбедноста на припадниците на српската заедница и на враќање на Србите што ги напуштија своите домови во Косово.
Косовскиот премиер во интервјуто им порачува на локалните власти во општините во кои Србите се мнозинство дека треба „да ги решаваат проблемите, а не да учествуваат во нив“.
– Не смееме да подлегнеме на провокациите на тие што се обидуваат да го одложат спроведувањето на Бриселскиот договор… Тоа што е уште поважно е да се фокусираме на воспоставување на косовското судство на северот и да овозможиме целосна интреграција на тој дел во нашиот правен систем – порачува Тачи во интервјуто за „Данас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации