Пратеникот Александар Николоски на својот ФБ профил денеска ја обвини пратеничката Ермира Мехмети, за ширење на верска и етничка нетрпеливост, откако таа претходно на својот ФБ профил го изрази своето незадоволство од проектот Скопје 2014 и повика на широка коалиција против овој проект.
Според Мехмети, проектот Скопје 2014 е смислен во политички лаборатории со цел да се маргинализира отоманското и муслиманско културно наследство на главниот град. Нејзината реакција уследи по настапот на турскиот воен оркестар Мехтер на централниот градски плоштад.
– Денеска Мехтер настапуваше во новиот центар кај Комплексот Скопје 2014,токму на влезот на Камениот Мост,овде во Скопје.
Без намера погрешно да бидам разбрана, сакам да ги поставувам моите дилеми во однос на создадената слика. Гости на културниот настан беа високи претставници на турската држава. Како се чувствувале тие, кога на влезот на Камениот Мост, автентичниот симбол на отоманското наследство на нашето Скопје, ги виделе како стражарат, Свети Кирил, Методиј, Климент и Наум?
Како се чувствува пратеникот и лидерот на Демократската Партија на Турците во Македонија, како член на големата коалиција на ВМРО, кога ги гледа градбите кои претставуваат еден политички проект за да го маргинализираат отоманското и муслиманското наследство на Скопје?
Дали домаќините Mакедонци им објасниле на почитуваните гости од Турција, дека Културниот препород е измислен во политичките лаборатории, и дека не им се посветува внимание на сите вредности на разните верски различности и идентитети во Скопје, и поради ова одбиено е повторно да се изгради Бурмали Џамијата. Овие се само неколку дилеми кои ми се укажаа додека ја следев одличната изведба на Мехтер – вели Ермира Мехмети на својот ФБ профил.
На крајот таа повикува на широка коалиција против проектот Скопје 2014.
– Поставувајќи ги овие прашања, само сакав да потсетам дека не треба и не можат само Албанците да бидат чуварите на вредностите и отоманското и муслиманското наследство во Скопје. Тоа што треба е една широка коалиција на тие што ја негираат Скопје 2014 и овде турската заедница треба да има посилен глас. Само реков.. -пишува на постот на Ермира Мехмети на ФБ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Николоски до 8-те пратеници: Назад нема, еднаш затворена врата, повторно не се отвора!
-
Николоски: Им судат на истакнати лица од ВМРО-ДПМНЕ, а немаат докази
-
Николоски: Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ, а која добива емигранти од земја-членка на ЕУ
-
Пратеникот Николоски на состанок на Мoниторинг-комисијата во Сараево