Дебатата предизвика најголем интерес меѓу пратениците од 47 земји-членки на Организацијата,.
На тематската дебата пратениците се фокусираа особено на потребата да се ревидираат политиките и прописите за азил во Европа и на предизвиците со кои се соочуваат земјите на транзит. Беше нагласено дека е неопходно да се ревидира, т.н. Регулатива од Даблин, според која државата одговорна за разгледување на барањето за азил е државата-членка преку која барателот на азил најпрво влегол во Европската унија. Системот од Даблин се покажа како неефикасен во ситуација на криза и создаде несразмерен товар на некои земји-членки на ЕУ.
Европската унија беше повикана да обезбеди кохерентност во целокупната политика на миграции, вклучувајќи унапредување и почитување на човековите права и избегнување ставање акцент само на граничната контрола и безбедност. Беше изразена загриженост поради континуираните, веродостојни извештаи за незаконски „враќања назад“ на мигрантите и на бегалците и кршењата на нивните човекови права. Сите земји-членки на Советот на Европа беа повикани да се воздржат од таквите постапки.
Во името на најголемата политичката група застапена во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Николоски имаше можност да интервенира во дебатата за бегалската криза која ја става Европа пред уште еден тест на нејзиниот карактер, вредности и институционални капацитети.
Николоски информираше дека ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија е поспецифична имајќи предвид дека се соочува со притисок од илегални емигранти на својата јужна граница, која е практично надворешна граница на Европската унија. Тоа значи дека Република Македонија се соочува со криза која се прелева од земја-членка на Унијата, која е исто така член на Шенгенскиот договор. Поточно, соседната земја, Република Грција, на организиран начин дневно превезува илјадници емигранти кон македонската граница. Тој ги нагласи и приоритетите на државата во овој контекст и тоа заштитата на животот и здравјето на емигрантите, и борбата против шверцувањето на емигрантите и трговијата со луѓе, заштита на националната и јавната безбедност, како и заштита на здравјето на луѓето.
Николоски потсети дека Собранието на Република Македонија го измени Законот за азил и привремена заштита, на тој начин, овозможувајќи им на емигрантите кои влегле во земјата да ја изразат намерата за барање азил, по што им се дава писмена потврда дека им се овозможува во рок од 72 часа да поднесат официјално барање за азил или да ја напуштат земјата. Николоски повика на заедничка европска солидарност и одговорност и распределба на бројот на пристигнати емигранти во сите земји на ЕУ. Тој истакна дека Македонија не е и не треба да биде жртва на неуспесите на ЕУ, главно од Грција, за да ги заштити надворешните граници на ЕУ и да се соочи со миграцијата. На крајот потсети дека Република Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ, а која добива емигранти од земја-членка на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Николоски до 8-те пратеници: Назад нема, еднаш затворена врата, повторно не се отвора!
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)