| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ:Ставовите на Инфо центарот и Одраз се монтирана драмолетка

vmro-dpmne1_111

Во врска со најновите изблици на една примитивна креативност на организацијата Сорос, која денес ја гледаме преку две координирани режирани претстави во изведба на извесна невладина организација Инфо центар и невладина организација Одраз кои се финансирани од Сорос би сакале да го истакнеме следното.

Првата промовирана денешна монтирана драмолетка на режисерот Милчин, во која се зборува дека наводно определен лик Влатко Ристески бил приморан да се исели од Македонија заради некаков наводен притисок од функционери и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, доколку би ја оценувале драмски критичари не би добила никаква преодна оценка, ни за сценариото, ни за стилот, ни за изведбата. Тоа е лош режисерски обид кој го девалвира и досегашното креирање на ваков тип на настани од страна на режисерот Милчин. Не навлегувајќи во фактот дали режисерот Милчин немал доволно инспирација или посветеност или пак имал лош ден за режирање, би сакале да истакнеме дека никој, потенцираме никој, од ВМРО-ДПМНЕ му се нема закането или пак вршел притисок врз овој  главен лик во оваа монтирана драма со име Влатко Ристевски. И не само тоа, ние сме сигурни дека доколку се направи анкета помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ кој е овој лик Ристевски, сигурни сме д

Дека ниту еден од анкетираните не би го знаеле, а камо ли пак да вршеле некаков наводен притисок врз истиот. Извесната невладина организација Одраз која ја претставувал овој лик Влатко Ристeвски е финансирана и спонзорирана од Сорос и жалиме што таа организација а и овој лик учествуваат во ваква лоша драма со која единствено се компромитираат и девалвираат тие самите на отворена сцена.

Во врска со некаквата наводна анализа на НВO Инфо центар која исто така е финансирана од Сорос во која се презентираат некакви наводни податоци за тоа колку пати Никола Груевски го споменувал СДСМ во своите говори, би сакале љубезно да им порачаме на режисерот Милчин, и неговите соработници Кабранов, Геровски, ГЕМ друштвото и останатите сателити на Сорос, наместо да се замараат со броење на зборови и текстови, да се заангажираат и да ја насочат својата енергија, и идеја, кон конечно правење на една вистинска политичка програма која ќе претставува конструктивна понуда на проекти и мерки кои се од интерес на народот. На тој начин ќе придонесат за политичка битка врз основа на програми и проекти а не врз основа на подметнувања, обвинувања, лажни изговори и алибија, измислени тези и катадневно кукање, како што тоа досега го прават.

Во очекување на следните вакви монтирани драми, драмолетки, и во очекување за промена кон подобро на оваа гарнитура на СДСМ и Сорос, ние од ВМРО-ДПМНЕ им упатуваме срдечен поздрав.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top