| четврток, 6 декември 2018 |

Креативен викенд во Лазарополе

Во рамки на проектот Креативен викенд во селото Лазарополе од 28-39 јуни 2014 по трет пат ќе се одржи работилницата за звук и теренски снимки под име Nature meets technology. Nature meets technology е работилница за звучен пејзаж и теренски снимки, каде уметниците што сакаат природа и звук и имаат сличен пристап кон музиката и животот, ќе имаат можност се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, создаваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат и да уживаат во природата. Се работи за интерактивна работилница наменета за локални и интернационални артист и млади кој се заинтересирани за звук, теренско снимање, аудио монтажа и продукција, радио арт, саундарт и сл. и сите оние кој имаат интерес да се запознаат со основите на звучната уметност. Работилницата ќе се состои од работни сесии, кратки предавања, презентации, дискусии, теренско снимање на звуци и практична работа во природа, како и поединечни и групни настапи и импровизациски сесии на отворен простор, каде низ текот на оваа работилница ќе имаат можност прво теоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и практично ќе се запознаат со концептот на теренско снимање со преносни аудио снимачи, како и целосен третман на снимениот звук од трансфер, монтажа, процесирање, секвенцирање па се до креирање, продукција и изведба на конкретна звучна форма.

Лаза

Работилницата ќе биде под водство на кураторот Тони Диимтров, а учество ќе земат етаблирани музичари од македонската и српската електронскa сцена. Програмскиот дел ќе содржи презентации на проектот „Музички дневници“ на Милош Томиќ, со кој тој ја претставуваше Србија на 55-тото издание на Венециското биенале, потоа презентација на амбиенталната издавачка етикета post global recordings, презентација на интернационални звучни инсталации на Доротеј Нешовски и презентација на досегашните изданија на проектот Soundscape workshop. На ова издание на работилницата Post Global Trio ќе го постави и своето студио, каде на надморска височина од 1350 метри ќе го сними материјалот за својот нов албум, а процесот ќе кулминира со нивен настап во живо.  Резултатите од оваа работилница ќе бидат претставени со импровизациски сесии најпрвин во рамките на самиот настан во Лазарополе, а потоа и на други локации низ Македонија. Ова е четврта во серијата работилници од овој тип работилници за звук (по работилницата за звучен пејзаж во урбана средина), а трета во Лазарополе. На ова издание на работилницата за втор пат ќе учествуваат артисти од други земји, по учеството на уметници од Мексико, Франција, Србија, кои учествуваа минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top