| четврток, 6 декември 2018 |

„ЛЕОРОН“ доби награда за меѓународен квалитет

Наградите за меѓународен квалитет за 2014 беа доделени од BID (BID Business Initiative Directions) и BID Group One на 21-ви јуни во Hyatt Regency Paris Etoile Palais des Congrès Convention Hall. Меѓу наградените компании е и „Леорон“, чиј сопственик е Арбен Јусуфи од Македонија.

Ние сме многу горди што ја освоивме оваа престижна награда и ја добивме Златната ѕвезда за лидерство во квалитетот. Нашата цел е да обезбедиме највисококвалитетни корпоративни тренинг решенија за нашите клиенти ширум светот и да создадеме професионалци кои ќе бидат од исклучителна важност за нивните компании. Ова е заедничко достигнување на сите вработени во нашиотa kompanija кои што неуморно работат за да го одржат високиот квалитет на услуга. Оваа Златна ѕвезда им ја посветувам ним“, изјави г-дин Арбен Јусуфи, генерален менаџер на ЛЕОРОН.

Телеграма со честитки до компанијата упати и министерот за странски инвестиции г-дин. Џери Наумоф: „Ова е доказ дека компанија со висок квалитет, со правилна програма за обука може да ги вработи нашите талентирани дипломци и да ги претвори во вистински меѓународни професионалци. Ова се одлични вести за нашата држава и силен показател за другите странски инвестиции за квалитетот и работоспособноста на нашите граѓани.“

ЛЕОРОН Институтот за професионален развој е водечка корпоративна тренинг компанија на пазарите на Европа, Африка и Азија. Основана е во Шведска за потребите од тренинзи во производствениот сектор која што глобално ќе се се рашири во текот на 90те. Од тогаш се разви во еден од најсеопфатните тренинг институти во ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот, нудејќи тренинг решенија за сите стратешки коропративни функции вклучувајќи ги корпоративните финансии, човековите ресурси, менаџментот во ланецот на набавки, логистиката и инжинерството.

Со преставништва во Стокхолм – Шведска, Дубаи – Обединети Арапски Амирати, Ријад – Кралството Саудиска Арабија, Скопје – Македонија, Акра – Гана, Алмати – Казакхстан спроведуваме близу 500 курсеви и обучуваме над 3000 професионалци годишно ширум ЕМЕА регионот.

Како тренинг институт кој во својата основа ја има компетнтноста, посветени сме на зголемување на конкурентноста на нашите клиенти зајакнувајќи ги вештините, компетенциите и можностите на нивните вработени, помагаме во изработката на програми за градење на капацитети и овозможуваме континуирана надградба обезбедувајќи им знаење, практични алатки и системи на учење кои се единствни на пазарот.

Мисијата на ЛЕОРОН Институтот за професионален развој е да им помогне на корпоративните клиенти и владините тела ширум светот во зајкнувањето на вештините, компетенциите и можноситите обезбедувајќи им тренинг програми со највискок квалитет, создадени од најдобрите глобални експерти и имплеменитарни од најдобрите тренери во индустријата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top