| четврток, 6 декември 2018 |

Германски пушач истеран од соседите

Фридхелм АдолфсСтрастен пушач мора да го напушти станот во кој живее веќе 40 години затоа што неговите соседи го тужеле дека им пречи чадот од цигарите. Судот во Диселдорф пресуди во нивна корист. Така, 75-годишниот Фридхелм Адолфс мора да го напушти својот стан до крајот на годинаvа, се наведува во пресудата. Сепак, пушење не дава доволна основа за станарот да биде исфрлен од зградата, но тој не го проветрувал станот на соодветен начин и не ги фрлал отпушоците, па миризбата од цигарите се ширела во заедничките простории.

Во 2012 година соседите неколку пати вербално го предупредиле пензионерот, но тој не преземал никакви мерки. Адолфс сѐ уште има право да поднесе жалба во судот со што ќе го спречи исфрлањето.

По 95-годишниот поранешен канцелар Хелмут Шмит, кој е познат по тоа што пали цигара една по друга, дури и кога гостува на телевизија, Фридхелм стана вториот најпознат пушач во Германија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top