| четврток, 6 декември 2018 |

„Тажна љубов, среќна песна“ доби студиска верзија (ВИДЕО)

Mакфестовска песна на Тамара Тодевска, конечно, ја доби и својата студиска верзија. „Тажна љубов, среќна песна“ сега може да се чуе и на квалитетно аудио во кое во полн сјај може да се чуе уште едно од маестралните дела на триот Тодевска, Џамбазов и Билбилов.

tamara

Со побрзиот ритам на „Макфест 2014“, Тамара го најави активното и работно лето кое почнува вечерва со настапот во новиот скопски ноќен клуб „Рингишпил“. Во текот на јули и август таа ќе настапува и на сите поголеми манифестации низ земјава, меѓу кои и „Пивофест“ во Прилеп и „Пиволенд“ во Скопје.

Како збогатување на летната програма организирана од Министерството за култура во соработка со неколку општини во Македонија, пак, во склоп на манифестацијата „Топол културен бран“, Тамара со свои концерти ќе настапи и на плоштадите во Берово, Крушево и во Дојран.

На настапите, Тамара ќе ја придружува нејзиниот бенд, составен од професионални и квалитетни музичари, со кои секојдневно работат на зголемување на репертоарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top