| четврток, 6 декември 2018 |

84% од Словенците се незадоволни од Јанша

12012013195047_jansaСпоред месечната анкета на словенечката телевизија Поп ТВ и љубљанскиот весник „Дневник“ 84 проценти од Словенците не се задоволни од работата на Владата на Јанез Јанша.

Само 14 отсто ја поддржуваат, тоа е најлошиот рејтинг на која било словенечка влада.

Резултатите покажуваат дека 36 проценти од испитаниците излезот од актуелната политичка криза го гледаат во предвремени парламентарни избори, на кои најголемиот број би гласале за Социјалдемократите.

Вледејачката коалиција во Словенија се распадна поради одбивањето на премиерот Јанез Јанша да поднесе оставка по скандалот со корупцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top