Непознат маж по улиците на Њујорк се шетал со нож забиен во грбот. Тој влегол во еден од рестораните „Мекдоналдс“ и се збогувал од своите родители преку телефон, велат очевидците.
Една од вработените во изјава за полицијата посочила дека додека крвта му течела по блузата, тој разговарал на телефон и на својот соговорник му рекол дека ова можеби е нивниот последен разговор, пренесува српски „Телеграф“.
Мажот е пренесен во болница и е во тешка здравствена состојба, а полицијата трага по двајца непознати кои го нападнале мистериозниот човек .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


