| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ и во НАТО

Македонија што поскоро да ги почне преговорите за членство во Европската унија и да добие покана за прием во НАТО. Разговорите за името со Грција не може да бидат пречка за евроатлантската интергација на земјата, апелираше унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера во Парламентот на Унгарија ја прими наградата „Гоце
Делчев“ што ја доделува Обединетата македонска дијаспора.

viktor orban

– Македонија се посвети на членството во ЕУ и во НАТО, се подготви, ги заврши сите потребни задачи. Затоа неразбирливо е зошто Унијата и Северноатлантскиот сојуз „гради“ еден таков долг кон балканската држава, што и покрај тоа што признава дека Македонија е подготвена за приклучување, сепак не ги почнува преговорите со неа – рече Орбан.

Премиерот на Унгарија во својот говор потсети дека, и покрај тоа што со децении Македонците и Унгарците живееле во различен комунистички систем, сепак и двата народа страдаа од исти работи како недостиг од слобода, запоставување на националната култура и немање право на слободно движење. Затоа Унгарија поради „чувството на заедничка судбина се залага за случајот на Македонија на меѓународната сцена.
Примајќи ја наградата, Орбан истакна дека ја смета за признание за цела Унгарија од страна на македонскиот народ.

– Ваквите награди го симболизираат и тоа дека борбата за слобода никогаш не е безнадежна – рече премиерот Орбан.

Претседателот на ОМД, Мето Коловски, на церемонијата за врачување на наградата рече дека со неа се оддава признание на ангажманот на Виктор Орбан за поддршка на напорите на Македонија за интеграција, како и неговата работа на планот на зацврстување на унгарско-македонските односи, особено на економско поле.

– Одлучни и добри пријатели сме ѝ на Унгарија –  нагласи Колоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top