Легендариот српски рокер Бора Ѓорѓевиќ за време на одморот на Малдивите тајно се свршил со дваесет и двегодини помлада Словенка.
– Си реков себеси дека не сум уште за фрлање. Одлично се забавуваме на Малдивите. Таму бев со млада свршеница и навистина уживав. Имавме базен во близина на бунгаловот, но јас се капев во океанот. Сакам да се фотографирам, па можете да видите колку е таму убаво. Бунгаловите се поскапи, дневно чинат по 200 евра, па не бев таму, но сосема сум задолволен со апартман на брегот. Бевме сместени на еден од 1.200 острови кои го сочинуваат архипелагот Малдиви. До главниот град Мале се лета со хидроглисер, и тоа е особена атракција. Се обидовмеи да ловиме риба, свршеницата улови две, јас четири риби. Тоа беше рекорд во групата во која бевме. Локалните жители потоа тие риби ги испекоа на скара и убаво се најадовме– вели Бора.
На неговата рака има нова тетоважа на млада жена, но тој вели дека таа тетоважа не е направена на Малдивите, туку во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.