И понатаму посериозните временски појави на Балканот остануваат северно од нас. Во Македонија повторно ќе преовладува претежно сончево и релативно запурно време. Повторно ќе напоменеме за мала можност за развој на купесто дождовна облачност, но од сосема локализиран карактер.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 31°С во северната половина од земјата, но и во котлините од југозападниот крај. Нешто потопло, до максимална околу 34°С, ќе биде во југоисточниот регион.
Во Скопската Котлина се очекува претежно сончево време и мало зголемување на облачноста попладне. Максималната вредност на температурата ќе достигне 32°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



