Полицијата завчера го уапси во Скопје, откако судот по него издал судска наредба според која Шапкар се бара за издржување казна затвор, а не се јавил на поканата, пишува „Вечер“. Од Министерството за внатрешни работи вчера потврдија дека на 23 месецов, постапувајќи по судска наредба, на улицата “Теодосиј Гологанов” од страна на Единицата за прв одговор и интервенција тој е лишен од слобода.
Христијан Шапкар кој пред пет години предизвика глисерска несреќа во која загина скопјанката Ирина Романова-Муцунска, од вчера е зад решетки.
Полицијата завчера го уапси во Скопје, откако судот по него издал судска наредба според која Шапкар се бара за издржување казна затвор, а не се јавил на поканата.
Од Министерството за внатрешни работи вчера потврдија дека на 23 месецов, постапувајќи по судска наредба, на улицата “Теодосиј Гологанов” од страна на Единицата за прв одговор и интервенција лишен од слобода е Христијан Ш. (36), од Охрид. Охриѓанецот се барал за издржување затворска казна во траење од три години, за сторено кривично дело “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”. Тој бил спроведен во СВР-Скопје за понатамошна постапка.
Основниот суд во Охрид на 31 јануари минатата година донесе пресуда со која Христијан Шапкар го осуди на казна затвор од 7 години, за сторено кривично дело “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”. Судот тогаш го прогласи Шапкар за виновен за глисерската несреќа која се случи на 22 август 2009 година во која загина Ирина Романова-Муцунска.
Веќе на 31 март минатата година, Апелациониот суд во Битола одлучи дека три наместо седум години затвор треба да одлежи Христијан Шапкар за смртта на Муцунска, со што се преиначи пресудата на основниот суд во Охрид.
Тогаш од Апелација изјавија дека ги ценеле олеснителните околности не прецизирајќи кои точно околности и докази ја намалуваат вината на возачот кој ја предизвика глисерската несреќа во Охрид, во август 2009-та.
По цели 4 години од трагичниот настан, оваа пресуда и висината на казната е целосна пресвртница зашто се смета за казна која е на долната граница на законските рамки.
Кај Христијан Шапкар кој со својот глисер го прегази глисерот на Ирина Муцунска беа пронајдени и 1.08 промили алкохол во крвта. Тоа за судот во Охрид беше дополнителна причина за утврдување на повисока затворска казна за возачот.
Процесот и пред Основниот суд не помина без проблеми. Се одложуваше дури 9 пати по барање на обвинетиот, а се одржаа вкупно 15 рочишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


