Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својата вчерашна редовна седница, покрај другите прашња, ги разгледа и барањата на СДСМ и ги завзама следните позиции.
ВМРО -ДПМНЕ е отворена за дискусија за прашањата кои ги адресираат политичките партии во Република Македонија, а се во согласност со принципите и вредностите на ВМРО-ДПМНЕ и се во согласност со европските стандарди.
ВМРО-ДПМНЕ е отворена да разговара за идеи кои се рационални и имаат реална основа да се сметаат за идеи кои би значеле подобрување на стандардите на живеење на граѓаните на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е отворена за разговор за идеи кои би значеле подобрување и забрзување на перспективите на Република Македонија за понатамошна евроатланска интеграција.
Во тој контекст, ВМРО-ДПМНЕ потврдува и повторува дека е спремна да разговара на темите поврзани со имплементација на препораките на ОБСЕ во македонското изборно законодавство, окулу потребните активности кои треба да ги превземат институциите за зајакнување на довербата кон избирачкиот список и е спремна да разговара за адресирање на прашањата за понатамошна регулација на медиумскатата свера во Република Македонија согласно европските стандарди.
ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека барањето на СДСМ за техничка влада е целосно неприфатливо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


