| четврток, 6 декември 2018 |

Здравствените работници- пушачи први на одвикнување

doktor so cigaraКумановските здравствени работници се првите кои се одвикнуваат од пушење цигари во новоотвореното советувалиште во Центарот за јавно здравје Куманово. Надлежните информираат дека два пати неделно, секој вторник и четврток група на здравствени работници присуствуваат на двочасовните едукативни предавања кои ги организира обучен тим составен од лекар и медицинска сестра. Предавањата за пушачите од здравствените институции, нагласуваат надлежните, ќе траат до 20 август по што ќе следува едукација за граѓаните.

– Методот може да биде групен и индивидуален што ќе зависи од возраста, долготрајноста од конзумирањето на цигари, од резултатите на тестовите и анкетите што претходно ќе ги спроведеме. По потреба може да се ангажира и психолог и социјален работник, вели раководителот на одделението за социјална медицина Марјан Денковски од Центарот за јавно здравје.

На предвањата, појасни Денковски, се укажува на штетното влијание од пушењето врз здравјето на пушачите, а се презентираат и можности за одвикнување од пушењето, како што е супституционалната никотинска терапија. Во рамки на едукативните предавања се укажува и на симптомите на апстиненцијалната криза.

– Во рамки на едукативните предавања ќе се вршат и контроли, прво на 15 дена, потоа на месец дена, па на три месеци. Се смета дека  успешно се одвикнал од пушење оној кој не пушел година дена, додаде Денковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top