Северноатлантскиот совет упати четири барања до Русија за запирање на воената криза во Украина. Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, соопшти дека Руската Федерација е повикана да преземе оригинални и ефективни мерки за запирање на дестабилизацијата на Украина, да создаде услови за имплементација ан мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко, да стави крај на поддршката на вооружените сепаратистички групи и да го запре протокот на оружје и борци преку границата со Украина.
– Ова е реална можност за деескалација на кризата, предизвикана од руската агресија. Русија мора да се повлече во согласност со меѓународните обврски. Ние, пак, остануваме длабоко посветени на поддршката на Украина, со овозможување на пакет од дополнителни мерки за засилување на украинските одбранбени сили за да можат сами да се бранат, посочи Расмусен.
Мерките вклучуваат фонд за поддршка на одбранбените капацитети во области како логистика, командна контрола и интернет-одбрана, како и помош за пензионираните офицери од одбраната да се адаптираат во цивилниот сектор.
– Имаме јасна стратегија за решавање на кризата и мировниот план на Порошенко е голем чекор напред и целосно го поддржуваме, нагласи Расмусен.
Генералниот секретар на НАТО истакна и дека „партнерството не е само соработка, туку и вредности и доверба“. Тој рече дека повеќе од 20 години Алијансата се обидува да гради партерство со Русија, но дека Москва ги прекршила правилата и ја нарушила довербата.
Според Расмусен, Русија јавно го претставила НАТО како закана, но дека, фактички, руските акции во Украина се закана за меѓународниот мир.
– Во април оваа година донесовме одлука дека нема да продолжиме со вообичаениот бизнис и ја суспендиравме практичната соработка со Русија. Но, остануваме отворени за дипломатски дијалог, иако, за жал, гледаме дека нема промена во руското однесување. Затоа, нема опција туку да ја продолжиме суспензијата за цивилна и воена соработка додека Русија не дојде во линија со меѓународните обврски, рече Расмусен.
Денеска, според генералниот секретар, министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО дискутирале и за сорбаотка во однос на градењето на капацитетот на Алијансата. Според него, НАТО е единствена организација што може да решава безбедносни и одбранбени прашања, од тренирање на фронтални трупи до структурно одбранбено министрирање на цивилната контрола.
Ова, рече Расмусен, е инвестиција не само за одговор на сегашните предизвици, туку и за идните и креирање на стабилност без да се реагира воено.
– Сојузниците ќе даваат таква поддршка посистематично и побрзо. Ќе работиме на начини да креирамае тим од воени и цивилни експерти кои ќе бидат подготвени да се постават кога ќе биде потребно. Исто така, се согласивме да развиеме пакет од мерки за засилување на блиската сорбаотка со партнерските земји, со кои изминатите две декади имаме заеднички предизвикувачки операции. Тие се рамо до рамо со нас во Авганситна и на Балканите и треба да продолжиме одлиску да работиме во изградбата на стабилност во непредвидливиот свет, порача Расмусен.
Во тој поглед, попладнево во седиштето на НАТО, генералниот секретар и министрите за надворешни работи на земјите-членки и контрибутори во мисијата ИСАФ во Авганистан, ќе имаат средба на која ќе присуствува и македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски.
Во однос на Самитот во Велс во септември, Расмусен рече дека тој доаѓа во критичен момент за Алијансата, кога ќе треба да се донесат важни одлуки. Тој посочи дека сите се загрижени за ситуцијата во Ирак, но и во регионот како таков.
Тој увери дека членките на НАТО се заедно во солидарноста и единствени во фокусот за ефективна заштита на сите сојузници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО


