„Дениција“, 1968
„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“.
„Ти ме призираш од небото и од земјата, а мене никако не ми успева да ти кажам дека и мојата смрт започнува по твојата и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира мислејќи само на тебе Дениција…“
„Молњата што минува низ тебе во мене се одразува и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“.
„Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“.
„Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот“.
„Пиреј“ (1980)
„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи,ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“
„Пријателот ти е роднина кого самиот си го избираш“.
„На изгореното срце и окото му е суво. Не пушта солза и да го молиш“.
„Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“.
„Ама срцето човечко било бунар: само се полни, а не се преполнува“.
„Тунел“ , 2003
„Останало животворната вистина да ја откриеме откако ќе сфатиме дека не можеме да живееме оддалечени од некого, без кого не можеме“.
„Колку повеќе знаеш, толку повеќе ќе страдаш!“
„Ако мислиш и ти да бегаш – ми вели, никогаш да не се обѕрнуваш назад. Твоето свртување може да биде кобно – ми вели, зашто ќе дознаеш кој е тој што те брка. Ќе му го видиш лицето и може да се предадеш. Ќе застанеш и ќе му се предадеш – вели. Затоа бегај се додека не се умори тој што те брка. Додека не те заборави. И додека ти не го заборавиш него“.
„Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“.
Прочитајте ги сите цитати на „Црнобело“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.