Новата театарска зграда на националната установа „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе биде свечено пуштена во употреба утре, на 26 јуни во Велес, соопштија од министерството за култура.
Историјатот на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ заокружува период од 66 години театарска дејност во Велес, чии први нишки беа повлечени уште во 1874 година, кога била одиграна првата театарска претстава со која актерите, локалните учители и ентузијасти го промовирале Велес како културен центар.
Новиот театар во Велес значи продолжување на успешната театарска традиција на овој град и подигнување на стандардите на театарската дејност, но овојпат во еден репрезентативен театарски објект со простор кој ги задоволува светските стандарди, но и сценски простори со современи технолошки системи во кои ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметнички дејности со високи технички перформанси.
Новиот театарски објект е изграден на површина од 4.200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители, како и мала сцена со можност да прими од 50 до 110 посетители. Основниот сценски простор од големата сцена е од модуларен тип со три оркестарски и осум сценски платформи кои овозможуваат лесна, брза, безбедна трансформација и конфигурација на основниот сценски простор. Технолошки гледано објектот располага со опрема и уреди, аудио и видео системи од врвни светски производители, со можност за презентација на театарски дела со ефект и квалитет како во најсовремените театри во Европа и светот, со што ќе биде овозможено во Велес да гостуваат сценски дела од било која светска продукција.
Во тек и конкурсот за избор на драмски текст кој до крајот на годината, премиерно ќе биде изведен на сцената на новиот велешки театар. Конкурсот на кој авторите може да пријавуваат свои драмски текстови пишувани на македонски јазик, досега необјавени и неизведени, трае до 20 август, а резултатите ќе бидат објавени на 5 септември годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Лидер: И градоначалникот на Велес дел од аферата „Фонд за иновации“