| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно се избира најубавата од Македонија

Турнејата на изборот „Мис на Македонија” за „Мис глоуб” започнува во средината на јули и ќе ги опфати сите поголеми градови во државата, а победничките ќе се пласираат во големото финале, кое, пак, ќе се одржи кон крајот на август.

Победничката ќе ја претставува нашата земја на интернационалниот избор за убавина “Мис глоуб”, кој ќе се одржи во ноември, а освен тоа, предвидени се и уште неколку примамливи награди од пријателите на организаторот на карванот, модното студио „Црнокрак”.

Минатата година титулата ја понесе Симона Станковска од Скопје, која подоцна влезе во финалето на изборот за „Мис глоуб 2013″ и го освои четвртото место, односно титулата „Трета придружничка”, како и оние за “Мис елеганс”, „Прва придружничка Мис бикини” и „Прва придружничка Мис талент”.

МИС НА МАКЕДОНИЈА 2014 ЗА MISS GLOBE 

ТУРНЕЈАТА ЗАПОЧНУВА!!!
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ОД 16 ДО 25 ГОД. МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА МЕЈЛ: fashionmacedonia@yahoo.com ИЛИ НА ФБ CRNOKRAK.CRNOKRAK.
ИСПРАТЕТЕ НЕКОЛКУ ФОТОГРАФИИ И ВАШИ ПОДАТОЦИ (ВОЗРАСТ, ВИСИНА И КОНТАКТ ТЕЛ.) НАЈДОЦНА ДО 1.7.2014.

ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ШАНСАТА И БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД СВЕТОТ НА УБАВИНАТА И МОДАТА ЗАЕДНО СО МОДНО СТУДИО ЦРНОКРАК!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top