Владимир Путин побара од Горниот дом на руската Дума да ја поништи резолуцијата која му дава право да ги употреби руските оружени сили во Украина за заштита на руското население кое живее таму, соопшто портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
– Шефот на државата поднесе предлог до Советот на федерацијата резолуцијата за употреба на руски оружени сили на територијата на Украина да се повлече, изјавил тој.
Порошенко ја поздравил одлуката на РУсија и оценил дека тоа е прв практичен чекор на Кремљ кон решавање на кризата во источниот дел на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



