И среда ќе има старт со релативно топло и ведро утро. Денот ќе биде малку потопол во однос на вторник. Попладне ќе се создадат услови за сосема локален развој на купесто – дождовна облачност. Сепак веројатноста за појава на врнежи е релативно мала.
Според прогнозата на метопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 32°С во северната половина од земјата, но и во котлините од југозападниот крај. Нешто потопло, до максимална околу 36°С ќе биде во југоисточниот регион.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време. Максималната вредност на температурата ќе достигне 33°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



