| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го одби предлогот на ВМРО- ДПМНЕ

Социјалдемократите го одбија предлогот на владејачката партија за пролонгирање на рокот за поднесување на листи за кандидати за локалните избори до 3 март

sdsm
– Изјавата на Зоран Ставревски е врвно лицемерие со кое продолжи досегашниот неодговорен пристап на врвот на ВМРО ДПМНЕ, без елементарно чувство, разбирање и грижа за националните интереси и иднината на Република Македонија- порачаа од СДСМ. Во предлогот не се споменуваат ниту предвремени избори, ниту носење на закони по препораките на ОБСЕ и ОДИХР со кои би се овозможиле истите.

Според социјалдемократите јавноста повторно се уверила во игнорантскиот однос на Никола Груевски за актуелната политичка криза и за уште потешките последици кои можат да произлезат од нејзиното продлабочување.

-Сојузот за иднина, не одлучил да ги бојкотира престојните локални избори затоа што немаше време да состави кандидатски листи, туку оваа наша одлука е одговор на партиско-полициски пуч на власта, во кој и самиот Ставревски по налог на Груевски беше директно вклучен, заради што беше суспендирана парламентарната демократија и поништен легитимитетот на државните институции- велат од СДСМ.

Оттаму потсетуваат на предлогот на Бранко Црвенковски, кој на 15 февруари побара одложување на локалните избори за месец дена, а доколку опозицијата освои еден глас повеќе на советничките листи од владејачката коалиција тогаш да се одржат предвремени парламенарни избори во септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top