– Го мразам овој Обама повеќе од кого било на светот – изјавил поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, ако може да му се верува на угледниот новинар на „Њујорк Тајмс“, Едвард Клајн.
Клајн ја напиша книгата „Крвави конфликти“ во која во детали опишува колку навистина не се поднесуваат семејствата Обама и Клинтон.
Клајн е новинар кој има работено на високи позиции во неделникот Њузвик, потоа во Њујорк Тајмс, а посебно внимание привлече со книгите за познатите демократски претседателски семејства.
Некои од деталите од најновата книга „Крвави конфликти“ се појавија во Њујорк Пост и „брутално“ ги прикажуваат односите меѓу двете семејства. Како што се оценува, овие детали сигурно нема да и помогнат на првата поранешна дама на Америка, Хилари Клинтон, која има намера да се кандидира за претседател на државата.
Судејќи според пишувањето во книгата, конфликтот на моментално двете најмоќни семејства од редовите на демократите, коренот го влече од демократската кампања за претседателски кандидат во 2007-2008 година. Конфликтот помеѓу Клинтон – Обама прв пат ескалирал во 2011 година, пред втората кампања на Барак Обама, кога советниците му сугерирале дека би било добро да ја има поддршката и од Бил Клинтон. Барак тогаш го повикал Клинтон на партија голф, а Бил тоа со пријателите го прокоментирал со зборовите: „Повеќе пати ми се јавуваше оној Џорџ Буш да ме праша за совет, отколку Обама. Со него немам никаков однос, а ми пречи бидејќи во разговорот со мене секогаш е кавгаџиски расположен“.
Сепак, Бил Клинтон тогаш одлучил да оди на голф, бидејќи и на двајцата тоа ќе им биде од интерес – на Обама му треба поддршка во кампањата, а на Бил за Хилари.
Клајн понатаму пишува дека во текот на партијата голф Бил толку навалувал со приказната дека Хилари би била одлична како иден претседател на САД, за што на крај Обама рекол: „Знаеш, и Мишел исто така би била сјајна претседателска кандидатка“.
Новиот конфликт се случил на 1 март 2013 година. Хилари тогаш отворено ја прашала Мишел дали и таа има намера да се кандидира за сенаторка, на што првата дама дипломатски и одговорила дека сепак треба добро да размисли.
А потоа се „закачиле“ Бил и Обама. Конфликтот полека излегувал од контрола, од двете страни се кревал глас, за на крајот Обама да му покажа што навистина мисли за расправата кога под маса почнал да си игра со својот мобилен телефон, јасно покажувајќи му на Клинтон дека повеќе не го интересира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Го избламира за сите времиња – Клинтон на НБА меч доживеа непријатност!(видео)
-
Нова истрага за семејството Клинтон