| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Жугиќ: Останувам во актерството, со голема љубов продолжувам да работам за својот народ

zugic1

Јелена Жугиќ целосно ќе се посвети на актерската дејност. Во изјава за „Република“ посочи дека на тој начин повеќе ќе придонесе за развојот на културната дејност и за нејзина афирмација. Тоа значи дека по докторката Софијанова, и Јелена Жугиќ заминува од Собранието со цел да се занимава со својата основна дејност.

Зборувајќи за причините за останувањето во актерството за сметка на пратеничката функција, Жугиќ изјави „како актер и директор на најмладата национална театарска куќа Театар Комедија, сметам дека можам повеќе да придонесам во областа на културата, која е обележје и духовна храна на еден народ. Проблемот врзан со непризнавањето на нашиот македонски идентитет е мотив повеќе , од позиција на културен работник, активно да учествувам во создавањето и афирмирањето на македонската култура“.

Јелена Жугиќ беше на листите во првата изборна едница предложена од Коалицијата за подобра македонија. Таа беше активно вклучена во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и во сите теренски акции кои беа спроведени за изборите.

Таа посочува дека и е драго што беше дел од изборните активности и се заблагодарува за огромната поддршка од граѓаните. Таа истакнува дека актерството останува нејзината најважна преoкупација. Таа изјави „уметниците се најголемите амбасадори на еден народ и јас со голема љубов и посветеност ќе продолжам да работам за својот народ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top