| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 14.000 луѓе починале поради алкохол во Германија

alkohol

Во Германија во 2012 година како последица од прекумерно консумирање алкохол починале 14.551 лице, што е дури четири пати повеќе од оние кои загинале во сообраќајни несреќи низ земјата, соопшти денеска Сојузниот сојуз за статистика.

Од вкупниот број починати лица поради алкохол, 10.992 се мажи, а 3.629 се жени, покажува статистиката.

Главна причина за смрт кај 8.319 случаи е цироза на црн дроб, додека психички и други последици поврзани со алкохолизмот биле причина за смртта на 4.991 лице, се додава во статистичкиот извештај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top