| четврток, 6 декември 2018 |

Демократијата во „демократската“ СДСМ – клетви, закани и навреди кон Буралиева, Топузова и Грчева

Solza-Grceva

Тем­ни об­ла­ци (и бу­квал­но и ме­та­фо­рич­но) над­вис­на­ле над Ма­ке­до­ни­ја. Те­шко е да се нај­де све­тол при­мер, но опо­зи­ци­ска­та „де­зер­тер­ка“ Ро­за То­пу­зо­ваКа­рев­ска е бли­зу до таа ква­ли­фи­ка­ци­ја. За се­ко­ја по­чит е неј­зи­на­та од­лу­ка да не ја пос­лу­ша пар­ти­ска­та ди­ре­кти­ва на оние што се по­ка­жаа ка­ко нај­го­ле­ми и ко­ле­ктив­ни де­зер­те­ри од по­ли­тич­ка­та би­тка – на­пи­ша про­фе­сор­ка­та Бил­ја­на Ван­ков­ска во неј­зи­на­та ко­лум­на.

Бли­зу до свет­ли­от при­мер се уште две же­ни – Сол­за Гр­че­ва и Љу­би­ца Бу­ра­ли­е­ва. Тие пер­и­о­дов се со­о­чу­ва­ат со го­лем при­ти­сок по­ра­ди сво­ја­та од­лу­ка за по­ли­тич­ко де­зер­ти­ра­ње. За­ста­наа про­тив пар­ти­ски­от став или ко­а­ли­ци­ски­от став за не­приз­на­ва­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти. СДСМ бе­ше не­за­до­во­лен и од ре­зул­та­ти­те од ло­кал­ни­те из­бо­ри ко­га освои гра­до­на­чал­нич­ки ме­ста што мо­жат да се из­бро­јат на ед­на ра­ка. То­гаш из­бо­ри­те не беа фер, ама ре­зул­та­ти­те се приз­наа.

Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска ги пот­тик­на оста­на­ти­те да раз­мис­лат за ста­вот на дво­е­цот  За­ев-Ше­ке­рин­ска. ЛДП не ја иск­лу­чи од пар­ти­ја­та. Оста­на во ре­до­ви­те на иста­та пар­ти­ја за­што ЛДП доз­во­лу­ва чо­век да раз­мис­лу­ва со сво­ја гла­ва. Ста­ту­тот не доз­во­лу­ва иск­лу­чу­ва­ње од членс­тво­то. По­доц­на со сво­ја гла­ва раз­мис­ли и Ан­дреј Жер­нов­ски, ли­де­рот на ЛДП.

Sednica za nova vlada 02 (Custom)

Ап­сол­ви­ра­но е пра­ша­ње­то де­ка лу­ѓе­то се раз­о­ча­ра­ни. Сме­там де­ка сѐ уште не се уве­ре­ни оти опо­зи­ци­ја­та е по­до­бра ал­тер­на­ти­ва. Ја­сен е при­ти­со­кот врз јав­но­ста, но сме­там де­ка го­лем удел во тоа што ВМРО-ДПМНЕ е сѐ уште на власт има и опо­зи­ци­ја­та со не­ма­ње­то аде­кват­на стра­те­ги­ја и ор­га­ни­зи­ра­ност – по­со­чи Жер­нов­ски.

Гр­че­ва и Бу­ра­ли­е­ва трг­наа по неј­зи­ни­от пат. Но, при­ти­со­кот си го пра­ви сво­е­то. Љу­би­ца Бу­ра­ли­е­ва е свес­на де­ка де­мо­крат­ски­от предз­нак на по­ли­тич­ка­та оп­ци­ја на ко­ја ѝ при­па­ѓа и ко­ја ѝ ја да­де до­вер­ба за да ја ба­ра до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те  по­драз­би­ра и сло­бо­да на раз­мис­лу­ва­ње и лич­ни ста­во­ви во од­нос на кон­крет­ни по­те­зи до единс­тве­на цел. За неа во­нин­сти­ту­ци­о­нал­ни­от бој­кот е не­при­фат­лив.

ЛДП не ја ислучи Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска поради тоа што партијата која има предзнак демократска – остава луѓето да размислат со своја глава. Но тоа не е случај со СДСМ. Прашање е што тие како социјал-демократска партија подразбираат под демократија. Дали демократија подразбира распнување на оние кој ќе размислуваат со своја глава. Клетви, навреди и напади кон Грчева и Буралиева, а не беше поштедена ниту Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска.

Ги напаѓаат вербално, вршат притисок врз нив, што воедно е и заплашување и стрес за нивните семејства. Тие се буквало уплашени од хајката против нив. Раководството на СДСМ на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска се почувствува извисено што овие пратенички избраа да си ја работат работата наместо да и наштетат на државата.

Грчева и Топузова Каревска буквално беа распнати од социјалдемократите и од медиумите под нивна контрола.

Она што е најстрашно е што овие политичарки почнаа да се соочуваат со закани од оние кои му го штитат грбот на Зоран Заев. Вперениот прст кон нив и недоличните напади, ги уплашија и нивните семејства. Сега тие се загрижени и уплашени за следните потези насочени кон Грчева и Топузова Каревска.

СДСМ со години критикува дека во земјава нема демократија, а во сопствените редови покажаа најголема недемократија.

Под раководствена палка на СДСМ, се добија гневни и срамни реакции од луѓето кои лажно се борат за наводна демократија. СДСМ по којзнае кој пат вака дрско го прикажа своето вистинско лице.

buralieva

Бу­ра­ли­е­ва на ра­жен пред десетина дена

Деновиве главно се удира по Роза и Солза. Пред десет дена на ражен беше Буралиева. Клетви и навреди….

Што ќе пра­ви­те Вие во Со­бра­ни­е­то, гос­по­ѓо Бу­ра­ли­е­ва? Па­тем, ко­го ќе за­ста­пу­ва­те? Не за­бо­ра­вај­те, не сте из­бра­ни на мно­зин­ска ли­ста. Ина­ку, ова што го ка­жу­ва­те др­жи кол­ку ре­ше­то во­да, ко­мен­ти­раа на „Фејс­бук“ под­др­жу­ва­чи­те на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те отка­ко Бу­ра­ли­е­ва нај­а­ви де­ка ќе го при­фа­ти ман­да­тот.

Дру­ги, пак, ве­леа де­ка дво­е­цот За­ев-Ше­ке­рин­ска е не­до­рас­нат за да во­ди и да ор­га­ни­зи­ра сил­на пар­ти­ја, а ва­кви­те че­ко­ри се са­мо до­каз за тоа.

Се­пак, Бу­ра­чи­е­ва бе­ше ста­ве­на на ра­жен: „Пра­те­ни­ци­те на опо­зи­ци­ја­та не ја по­чи­ту­ва­ат пар­ти­ска­та од­лу­ка за бој­кот и по­ве­ќе би сед­на­ле на пра­те­нич­ко стол­че откол­ку да ја оправ­да­ат до­вер­ба­та од гра­ѓа­ни­те и да ја ис­по­чи­ту­ва­ат пар­ти­ска­та од­лу­ка. Со оваа од­лу­ка тие са­мо по­ка­жу­ва­ат де­ка ма­те­ри­јал­ни­те ин­те­ре­си им се пред пар­ти­ски­те“.

Дру­го ли­це, кое сво­јот про­фил на „Фејс­бук“ го укра­си со фо­то­гра­фии од ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, и со обе­леж­ја на оваа пар­ти­ја, на ѕи­дот на Бу­ра­ли­е­ва на­пи­ша:

Нај­мал­ку од те­бе оче­ку­вав ва­ков по­тег. Пос­ле сѐ, раз­мис­ли да­ли вре­ди да се изб­ла­ми­раш и да си го из­вал­каш обра­зот пред на­ро­дот“.

Бу­ра­ли­е­ва за сво­ја­та од­лу­ка на со­ци­јал­на­та мре­жа „Фејс­бук“ на­пи­ша:

„Про­ме­на за нов по­че­ток, став со кој вле­гов и оп­сто­ју­вам ка­ко со­ци­јал­де­мо­крат , ка­ко чо­век со ли­чен ин­те­гри­тет и кој жи­вее во си­стем на за­гу­бе­ни вред­но­сти, на крај­на не­де­мо­кра­тич­ност на си­те ни­воа, во оп­штес­твен ам­би­ент не­под­нос­лив за до­сто­инс­твен чо­веч­ки жи­вот. Бор­ба­та е јас­на и нед­вос­мис­ле­на, но де­мо­крат­ски­от предз­нак на по­ли­тич­ка­та оп­ци­ја на ко­ја­што ѝ при­па­Ѓам и ко­ја ми да­де до­вер­ба за да ја ба­рам пак до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те , по­драз­би­ра и сло­бо­да на раз­мис­лу­ва­ње и лич­ни ста­во­ви во од­нос на кон­крет­ни по­те­зи до единс­тве­на­та цел. Од­лу­ка­та на нај­ви­со­ки­те ор­га­ни на СДСМ за бој­кот и не­при­фа­ќа­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти ја под­др­жу­вам без­ре­зерв­но, без тро­шка ди­ле­ма (став на 33 пра­те­ни­ци на здру­же­на­та опо­зи­ци­ја), но во­нин­сти­ту­ци­о­нал­ни­от об­лик, фор­ма­та на бој­кот, за ме­не е не­при­фат­лив (ли­чен став што го из­не­сов и на по­че­то­кот ко­га за тоа имав­ме мож­ност, по ве­ќе до­не­се­на­та од­лу­ка на нај­ви­со­ки­те пар­ти­ски те­ла).

Таа е де­зер­тер,  де­зер­ти­ра од по­ли­тич­ко­то де­зер­терс­тво на ра­ко­водс­тво­то, кое по­бег­на­ло уште пред одр­жу­ва­ње­то на из­бо­ри­те, свес­но де­ка из­бо­ри­те ќе би­дат са­мо бла­ма­жа за опо­зи­ци­ја­та.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top