Останува уште само еден ден до големото финале на кампањата „Каква шанса! Рамстор и Патос“ те носат на финале во Бразил, кога и официјално ќе ги дознаеме двајцата среќни Македонци што ќе уживаат гледајќи го најголемиот фудбалски спектакл во живо.
Право на учество во оваа голема наградна игра имаа сите полнолетни купувачи во маркетите на „Рамстор“ но и во продавниците во „Рамстор мол“. Со секоја сметка над 1000 денари , потрошувачите добиваа купон кој беше потребно уредно да го пополнат и да го остават во кутиите наменети за наградната игра.
Во изминатиот период голем број посетители на „Рамстор“ уживаа и во часови по зумба, но и шутираа во импровизираните голови и за секој гол добиваа вредни награди.
Најсреќниот потрошувач ќе добие два билета за следење во живо на финалето на Светското првенство во фудбал, со вклучен авионски билет и сместување во Бразил, а следуваат и 200 подароци од електрични апарати за домаќинство.
Главното извлекување ќе се одржи на 25.06.2014 со почеток во 12 часот во „Рамстор мол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Погодете го точниот резултат на Барселона – Кил и добијте потпишан дрес од Кире Лазаров (видео)
-
Скопјанец се бори за живот откако растроен маж со шрафцигер лудувал околу „Рамстор“
-
Инцидент пред „Рамстор“: Спречена трагедија поради сообраќајно недоразбирање
-
Уште два дена од „Garage sale“ во „Рамстор“! Проверете каде и колку има попуст на вашите омилени производи!