| четврток, 6 декември 2018 |

Олгица Ѓоргиева, модна дизајнерка: Маички со мотивирачка порака за секој ден во неделата

Ли­ни­ја­та ма­и­ци е на­пра­ве­на во цр­на и во бе­ла бо­ја, a тие се ми­ни­ма­ли­стич­ки и згод­ни за ком­би­ни­ра­ње

Maicki Olgica Gjorgievska 04

Ма­ке­дон­ска­та мод­на ди­зај­нер­ка Ол­ги­ца Ѓор­ги­е­ва лан­си­ра­ но­ва ли­ни­ја ма­и­ци со нат­пи­си што има­ат мо­ти­ви­рач­ка по­ра­ка за се­кој ден во не­де­ла­та. Ма­и­ци­те се во цр­на и во бе­ла бо­ја, ми­ни­ма­ли­стич­ки се и згод­ни за ком­би­ни­ра­ње со раз­лич­на об­ле­ка и сти­ло­ви.

– Иде­ја­та за ма­и­ци­те ми е од ­о­дам­на. Си­гур­но е де­ка ќе ја ши­рам и ќе ја збо­га­ту­вам. Се­га поч­ну­ва­ме со оваа ли­ни­ја, со ми­ни­ма­ли­стич­ки при­стап, цр­но-бе­ла ком­би­на­ци­ја, со ед­но­став­ни сло­га­ни, кои дејс­тву­ва­ат мо­ти­ви­рач­ки. Ви­зу­ел­но, от­пе­ча­то­кот изг­ле­да ка­ко сти­ли­зи­ран исе­чок од ка­лен­дар, со ло­го­то на „ГО“ (Гор­ги­е­ва Ол­ги­ца). Се­кој ден но­си раз­лич­на по­ра­ка, ко­ја е на­пи­ша­на на анг­ли­ски ја­зик, со транс­крип­ци­ја на збо­рот. Глав­на­та иде­ја бе­ше „Но­се­те ГО се­кој ден“ – об­јас­ну­ва ди­зеј­нер­ка­та.

Maicki Olgica Gjorgievska 02

Ма­и­ци­те мо­же да се ку­пат во па­кет, си­те се­дум, или ед­на по ед­на.

– Во ид­ни­на оваа при­каз­на ќе се раз­ви­ва, ќе има­ме по­ве­ќе ма­и­ци со инс­пи­ра­тив­ни тек­сто­ви и от­пе­ча­то­ци. Глав­на­та иде­ја бе­ше ди­зај­нот да е по­ед­но­ста­вен, не прем­но­гу на­тру­пан, а да мо­же да се но­сат и на ра­бо­та и на ве­чер­ни из­ле­гу­ва­ња, но и за про­ше­тка пре­ку ден – ве­ли Ѓор­ги­е­ва.

Ова не е ва­ков прв про­ект на Ѓор­ги­е­ва, ко­ја прет­ход­но има­ше ко­лек­ци­ја на­ме­не­та за де­лов­ни же­ни, ко­ја ја про­мо­ви­раа ус­пеш­ни же­ни во сво­ја­та про­фе­си­ја – но­ви­нар­ки, прет­при­е­мач­ки…

Ди­зај­нер­ка­та е ре­дов­на учес­нич­ка и на скоп­ска­та мод­на не­де­ла, но овој пат не на­ста­пи на април­ско­то из­да­ние на мод­ни­от ви­кенд. Но­ва­та ко­лек­ци­ја ја под­го­тву­ва за сеп­тем­ври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top