ВМРО-ДПМНЕ излезе со нов предлог за СДСМ во насока на заштита на државните интереси,.
Предлозите ги соопшти Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:
1.Утврдување на нов рок за доставување на листите за кандидати за советници и листите за кандидат за градоначалник кој би траел до 03.03.2013 година (недела) во 24 часот. Во овој рок сите политички партии ќе можат да ги достават листите. Оваа постапка би се овозможила со интервенција во преодните и завршни одредби на Изборниот законик и би се однесувала само за овие локални избори. Ако СДСМ денес го прифати овој предлог, утре на итна седница Собранието на Република Македонија би ги усвоило измените на Изборниот законик и тие би стапиле на сила веднаш.
2.Во насока на надминување на политичката состојба, високо значење и позитивни резултати би имало и доколку СДСМ донесе одлука за враќање во нормална работа на нејзината пратеничка група во Собранието на Република Македонија, со што би продолжил политичкиот дијалог по сите важни прашања. Воедно, заеднички, во утрешниот ден би ги усвоиле измените на Изборниот законик со кои се утврдува нов рок за доставување на листите за кандидати за советници и кандидат за градоначалник од страна на политичките партии.
3.Во врска со настаните од 24.12.2012 година ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на Комисија која би имала надлежност да ги утврди сите причини, аспекти и настани кои доведоа до конкретната ситуација, по примерот на сите демократски држави каде секогаш се формираат комисии после случување на слични настани. Исто така , како што веќе се изјаснивме, за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива и опцијата, односно предлогот кој го понуди Претседателот Ѓорге Иванов.
-Високи резултати би имало ако се врати пратеничката група на СДСМ во Собрание за да ги усвоиме потребните законски измени. Со овој предлог на СДСМ му се овозможува да учествува на изборите, со една недела повеќе за доставување на листите. Ова партијата го бараше, сега таа можност ја има. Доколу и ова се одбие, очигледна е идејата на СДСМ да продолжи да создава проблеми, а не да помогне за евроатланската иднина на Македонија, заклучи Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)