„Ако паднам во кома да ги подарите моите органи на болни на кои им требаат“. Ова било последната желба на 53-годишниот лекар пред да почине, кому семејството му ја исполнило желбата, со што се создале услови на Клиниката за урологија да се изведе кадаверична трансплантација или пресадување на органи од починато лице, пишува „Утрински весник“.
Постапката за дарување на бубрезите се случила пред околу една недела, кога лекарот по компликациите од мозочна болест, завршил на Клиниката за анестезија и интензивна нега.
Откако на неговите блиски, односно на сопругата, ѝ било соопштено дека на болниот му нема спас, според клинички извори на „Утрински“, таа поведувајќи се од желбата на сопругот, многу не размислувала дали треба или не да се дадат органите по неговата смрт, пишува весникот.
Националниот координатор за трансплантација д-р Аспазија Софијанова, потврди дека за новата кадаверична трансплантација немала тешкотии во убедувањето и преговарањето со семејството за донирање на бубрезите.
– Првпат се соочивме со едно семејство, кое давањето согласност за донирање на органите ја правеше со длабока свесност и позитивна енергија – изјави д-р Софијанова, не откривајќи повеќе детали за донаторот на бубрезите.
Несреќата за едното семејството донесе среќа на други две семејства. Бубрезите се подарени на двајца пациенти што биле на дијализа. По една недела од пресадување на органите, пациентите со пресадените бубрези се во стабилна здравствена состојба, рече директорот на Клиниката за урологија д-р Михали Пенев, без да да се каже нешто повеќе за нив. Овој пат и изборот на луѓето на кои ќе им се подарат органите одело полесно, бидејќи двајцата пациенти што ги добиле бубрезите биле избрани од листата на приматели со веќе одредена компатибилност на ткивата.
Целата сторија прочитајте ја на Утрински весник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Лекар од Мексико тврди: Човекот со најголем пенис лаже, кожата му е до колена
-
Комората му ја одзеде лиценцата на докторот кој мамеше пациентка дека е бремена