
Денеска се случило убиство во Гостивар, на улицата „ЈНА“ во близина на новоизградениот станбен комплекс. Убиството го пријавиле граѓани кои слушнале поединечни и рафални истрели. Според полицијата, бил убиен Ф.С. (62).
По пријавата полициски екипи се упатиле на местото на убиството каде е пронајден автомобил „Застава 101“ во кој бил убиениот маж.
Од она што досега е познато, сторителот или сторителите најпрво му го попречиле патот на гостиварецот со контејнери, по што од автоматско оружје било пукано кон предното стакло на автомобилот, а потоа и во неговото телото. Ф.С. починал на лице место.
Направен е увид на лице место, на терен се излезени јавен обвинител, истражен судија.
Од местото на убиството подигнати се повеќе празни чаури и други траги и материјали кои ќе подлежат на понатамошно вештачење.
Полицијата ги презема сите мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите и откривање на мотивите за убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Пробен попис во четири општини во 2019: Жителите нема да се изјаснуваат за етничката и верска припадност
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа


