Марија Шарапова со бакнеж за среќа му посака многу успех на Вимблдон на својот голем пријател Новак Ѓоковиќ. Двете големи тениски ѕвезди се меѓу фаворитите за титулата на лондонскиот гранслем, а и двајцата го имаат освоено пехрот, кој е еден од највредните во светот на спортот.
Ѓоковиќ е прв носител, а ќе го почне походот кон трофејот против Андреј Голубев. Шарапова е рангирана како петта фаворитка, а на стартот ја очекува дуел со Саманта Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



