Од денеска до 27 јуни во Стразбур се одржува летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија, Александар Николоски, и заменик на членот на делегацијата, Имер Алиу.
– Би сакал да го поздравам извештајот за предвремените парламентарни и претседателските избори во Македонија од април оваа година. Изборите беа организирани и спроведени во добра и демократска атмосфера. Беа спроведени според изборното законодавство усвоено пред изборите на база на меѓупартиски консензус – истакна Николоски.
И власта и опозицијата го поддржа изборниот закон и беа дел од консултациите при измените. Како што и меѓународните набљудувачи забележуваат предизборниот процес и кампањата беа слободни и фер и кандидатите можеа слободно даводат кампања и ги презентираат своите програми. Денот на изборите како што оценија и меѓународните набљудувачи исто така беше слободен и демократски и изборите беа организирани професионално и ефективно.
Тој истакна дека резултатите од изборите покажуваат дека г-дин Ѓорге Иванов беше реизбран за Претседател, а Република Македонија со огромно мнозинство, исто така, ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите за Парламентот со големо мнозинство.
– Драги пријатели, би сакал да ве информирам дека новата Влада беше избрана и формирана од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски. Владата се залага за програмата претставена на изборите насочена кон економски просперитет и евроатлански интеграции, но исто така во неа се одразува разновидноста на македонското на општеството вклучувајки и Македонци и Албанци и сите етнички заедници кои живеат во Македонија во нејзиниот состав. Драги пријатели, опозиционите Социјал демократски сојуз на Македонија губејки ги овие избори и се соочени со проблематично водство одлучија да го бојкотираат новиот состав на Парламентот. Ова не е добро за земјата зашто е потребен Парламент, кој ќе работи кој ќе работи во полн капацитет со партиите и од власта и од опозицијата. Во тој контекст би сакал да ја поздравам декларацијата на Мониторинг комитетот кој истакнува дека е загрижен од одлука на Социјалдемократскиот сојуз и ја повикува целосно да го остварат својот мандат и да се врата во Парламентот. Исто така ја поздравувам изјавата на комесарот за проширување Филе кој бара од опозицијата да се вратат назад во Парламентот – рече Николоски во Стразбур.
Тој се надева дека пост изборната мисија од три истакнати членови на ПС на Советот на Европа Роберт Валтер известител за Македонија, Стефан Шенах Претседателот на Мониторинг комиетот и Андреас Грос шеф на социјалистичката група, ќе најде прием и разбирање во водството на СДСМ и ќе имаат успех.
– Драги пријатели, Премиерот Никола Груевски го покани лидерот на опозицијата. Средбата ќе се одржи утре со цел опозицијата да се врати во Прламентот. Се надеваме на успех и разбирање од СДСМ. Македонија ќе остане целосно посветена на исполнување на сите други критериуми неопходни да имаме дури и подобри избори во иднина – наведе Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Николоски до 8-те пратеници: Назад нема, еднаш затворена врата, повторно не се отвора!
-
Лазарова Трајковска со порака до судовите во Македонија: Одлуките на судиите да се засноваат врз европското право
-
Николоски: Им судат на истакнати лица од ВМРО-ДПМНЕ, а немаат докази
-
ПССЕ од Стразбур препорача:Реформите да бидат прифатени со консензус



