Инфраструктурата и туризмот нудат најголеми можности за соработка помеѓу Македонија и Бугарија, потенцираа вицепремиерите на двете земји на отворањето на „Македонско-бугарските експо денови“ во Штип
– Изградбата на пругата кон Бугарија, изградбата на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, како и енергетското поврзување од Штип до Червена Могила, се приоритетите на Владата на Република Македонија, изјави вицепремиерот Зоран Ставревски.
Освен подобрувањето на патната инфраструктура, двете земји имаат можност да сораборуваат и во делот на туризмот и индустријата.
– Исклучителен потенцијал гледаме во месната индустрија, ососбено во извозот на месо на трети пазари. Втора голема можност за соработка е туризмот , размената на туристи меѓу двете држави постојано се зголемува , но ние би можеле како регион да бидеме уште попривлечни за туристите доколку направиме заеднички туристички пакети за туристи од Европа и пошироко, вели Даниела Бобева, вицепремиер на Бугарија.
На Македонско-бугарските експо денови присуствуваат и претседателите на Стопанските комори од двете земји, Зоре Темелковски и Цветан Симеонов, кои изразија надеж дека стоковата размена на двете земји до крајот на годинава ќе достигне една милијарда долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


