Зурија Фазлиоска од Партијата за целосна еманципација на Ромите седнува на местото на советничката Софија Куновска во Град Скопје, на која ѝ беше одземен мандатот откако доби пратеничко место во Собранието.
Фазлиоска е следен кандидат од женски пол на советничката листа на коалицијата предводена од СДСМ, откако кандидатката пред неа на списокот се откажала од мандатот.
– Приоритет во Советот ќе ми биде да ги застапувам ромските прашања и да ги бранам нивните интереси. Очекувам да има повеќе теми за разговор во оваа насока, а меѓу нив секако ќе биде барањето на жените Роми од Шуто Оризари да се отвори гинеколошка ординација – вели Фазлиоска.
Мандатот на новата советничка ќе биде верифициран утре на седницата на градскиот Совет.
Смената на Софија Куновска доаѓа откако мнозинството во Советот одлучи да ја разреши затоа што функцијата во Град Скопје не е споива со пратеничката функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



