Годинашниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2014 кој вторпат се одржува во населбата Аеродром почна со изведба на претставата „Хамлет во пикантен сос“, во режија на Александра Кардалевска, во саботата навечер.

Вториот ден, на репертоарот беше претставата „Хамлет во Долна Мрдуша“ од Народниот театар од Тузла, во режија на Мустафа Надаревиќ, а вечерва на репертоарот е претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Ефтимов во продукција на Македонски народен театар.

Претставите се играат до 30-ти јуни, со почеток од 21 часот, на отворена сцена поставена на фудбалското игралиште кај паркот на езерата, а влезот за сите претстави е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


