| четврток, 6 декември 2018 |

Го оставила манекенството и станала калуѓерка

olala

Познатиот шпански модел Олала Оливерос (36), која на сонародници им се смеела од билбордите низ земајта и ги мамела машките воздишки во рекламите за атрактивна облека, станала калуѓерка.

Како модел Олала била многу позната. Учествувала на многу гламурозни фотосесии, имала неколку улоги и во филмови, а нејзиното лице се појавувало и на многу билборди во Шпанија.

олала 2

Атрактивната русокоса му пристапила на редот на Свети Михаил и го променила името во сестра Олала дел Си де Марија уште пред четири години, но сега првпат открила поради што го направила тоа.

– Господ никогаш не греши. Тој ме праша да го следам и јас тоа не можев да го одбијам – рекла Де Марија.

Според нејзините зборови, Олала била изморена од животот во светот на лагите, лицемерството, дрогата, алкохолот и проституцијата.

олала 3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top