Судот во Каиро денеска ги осуди тројцата новинари на катарската телевизија Ал Џезира на седум години затвор.
Питер Грест, Мохамед Фахми и Бахер Мохамед беа прогласени за винови, за поддршка на сега забранетата исламистичка организација „Муслиманско Братство“.
Тројцата обвинети во текот на судењето го отфрлија обвинувањето, инсистирајќи дека не сториле ништо лошо и дека не ги прекршиле египетските закони.
Нивното апсење, а потоа и судње предизвика негодување меѓу либералните кругови во Египет и бранување во меѓународната новинарска јавност.
Роднините на тројцата новинари, како и компанијата Ал Џезира и новинарските асоцијации, бараа од египетските власти ослободување на уапсените.
Други тројца новинари, за слично обвинување добија затврски казни од десет години.
Судењето на „тројката“ на Ал Џезира која беше вклучена во следењето на настаните пред и по соборувањето на исламистичкиот египетски претседател Мохамед Морси, претставува дел од пресметката на властите во Египет со исламистите, нивните следбеници и со „Муслиманското Братство“.
Новоизбраниот претседател Абдул Фатах ал Сиси уште во текот на својата предизборна кампања најави остра пресметка со радикалните исламисти и „целосно бришење на Братството“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


